Ситуацијата со повредите во Јувентус оваа сезона се влошува наместо да се подобрува. Според италијанските и колумбиските медиуми, левиот бек на тимот, Хуан Кабал, добил сериозна повреда што ќе го оддалечи од терените до крајот на сезоната.
Се претпоставува дека 23-годишниот играч ги скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено за време на тренинг на кампот на колумбиската репрезентација. Оттаму потврдија дека фудбалерот се вратил во Торино, каде што ќе помине дополнителни медицински прегледи.
Доколку мрачните прогнози се потврдат, Јувентус ќе остане без уште еден дефанзивец за остатокот од сезоната, откако неодамна и Бремер ги скина вкрстените лигаменти.
Кабал беше ангажиран од Верона во летниот преоден рок и досега одигра девет натпревари со една асистенција за „старата дама“ во сите натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













