
Италијанскиот калчолигаш Јувентус ќе се обиде да го доведе напаѓачот на Зенит, Сердар Азмун, како замена за повредениот Федерико Киеза. Тој доживеа тешка повреда на коленото и за него сезоната е завршена, па Јувентус мора да бара друго решение.
Јувентус сака да го придодаде „иранскиот Меси“ во составот на Масимилијано Алегри, а неговиот договор со рускиот клуб завршува на крајот на сезоната.
Јувентус веќе стапил во контакт со агентот на играчот, а Азмун сака да се пресели во Италија. Останува „старата дама“ да се договори и со рускиот клуб околу отштетата, која сепак треба да биде прифатлива за италијанскиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal