Connect with us

Јувентус спасуваше бод дома против Болоња (ВИДЕО)

Јувентус беше во голема неволја на домашен терен и губеше против Болоња со 0-2, но на крајот успеа да освои бод (2-2). Тоа е деветто реми за „старата дама“ оваа сезона во Серија А.

Болоња поведе со голот на Ндоје во 30.минута, а Побега зголеми на 0-2 на почетокот на вториот дел.

Сепак, Јувентус не се предаде. Тун Копмајнерс намали во 62.минута, а Мбангула во судиското продолжение од мечот успеа да донесе бод за Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови