Италијанскиот калчолигаш Јувентус оди на се или ништо во операцијата за доведување на Џанлука Скамака од Сасуоло. Овој млад напаѓач, за кого клубот бара отштета од 40 милиони евра, е цел на неколку италијански великани, но Јувентус засега ја држи „пол-позицијата“.
Јувентус му понуди на Сасуоло двегодишна позајмица со обврска за откуп, па Сасуоло сигурно за две години би ги заработил посакуваните 40 милиони евра.
Скамака има два настапи за италијанската репрезентација, а оваа сезона на 19 натпревари постигна шест гола за Сасуоло.
Медумите на Апенините го поврзуваат и Мауро Икарди како можно засилување за Јувентус, а најголема желба сигурно е Душан Влаховиќ од Фиорентина, но таков трансфер сигурно не може да се реализира оваа зима.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













