
Нема преоден рок во последните 2-3 години, a Сергеј Милинковиќ-Савиќ да не ги полни насловните страници. Така е и сега, српскиот интернационалец повторно се поврзува со голем трансфер. Се чини дека Јуве најмногу „загриза“, италијанските медиуми пренесуваат дека пристигнала нова понуда за „Олимпико“.
„Бјанконерите“ нудат 44 милиони евра плус Даниеле Ругани за купување на играчот од средниот ред на Лацио.
Ругани и Сари веќе имаа можност да соработуваат кога сегашниот тренер на Лацио го водеше Емполи, а Ругани го градеше своето име како нов бисер на италијанскиот фудбал.
Ова подоцна и не се исполни комплетно, но јасно е дека Ругани има квалитет. Можеби преселбата во Лацио ќе му ја врати кариерата на вистинскиот пат.
Големото прашање е дали Лотито ќе ја прифати оваа подобрена понуда на Јувентус. Претседателот на Лацио во неколку наврати изјави дека повеќе би сакал да го продаде СМС на клуб надвор од Италија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго
