
Италијанскиот гигант Јувентус изрази интерес за дефанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт, Еван Ндика. „Бјаконерите“ бараат дефанзивец кој може да биде партнер на Глejсон Бремер, а младиот репрезентативец на Франција е на врвот на листата на желбите.
Ндика (22) одигра добро минатата сезона за Ајнтрахт и се наметна како еден од најдобрите дефанзивци во Бундес – лигата.
Милан испрати понуда за него летото, но Ајнтрахт не сакаше да го пушти. Сепак, неговиот договор истекува на крајот на сезоната и нема индикации за продолжување.
Јувентус сака да ја искористи ситуацијата и да го ангажира како слободен агент. Претставниците на торинскиот клуб веќе стапиле во контакт со него.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal