Connect with us

Јувентус сака да го спречи трансферот на Џовани Симеоне во Наполи

Јувентус е подготвен да го спречи речиси финализираниот договор меѓу Наполи и Верона за трансферот на Аргентинецот Џовани Симеоне, тврди „Скај Спорт Италија“. Напаѓачот не учествуваше во контролите на Верона во очекување на неговата продажба во друг клуб.


Според информациите, Симеоне се согласил да замине на позајмица во Наполи, но гигантот од Торино се подготвува да му даде подобра понуда на фудбалерот во последен момент.

Понудата од клубот од Неапол изнесува 3 милиони евра, плус опција за откуп на Џовани Симеоне за дополнителни 12 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови