
Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли, присуствувал на синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Реал Сосиедад и Пари Сен Жермен (1-2), бидејќи го следел играчот од средниот ред на баскискиот тим, Микел Мерино, пренесува „Газета дело спорт“. Токму 27-годишниот шпански интернационалец го постигна единствениот гол за својот тим.
Јувентус сигурно ќе бара засилување со еден или двајца нови играчи од средниот ред на лето, пред сѐ поради казната на Пол Погба, кој доби четири години суспензија поради допинг.
Мерино е една од опциите за ново засилување во средниот ред на „бјанконерите“.
Неговиот договор со Реал Сосиедад истекува во летото 2025 година и доколку не го продолжи во следните неколку месеци, неговата цена нема да биде толку висока.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal