Португалскиот интернационалец Ренато Санчес има одлична сезона во Лил и блиску е до трансфер во Серија А. Покрај Милан, сега и Јувентус се вклучува во трката за неговиот потпис, откриваат италијанските медиуми.
По три сезони во Лил, 24-годишниот Санчес ја врати репутацијата што некогаш ја уживаше кога го носеше дресот на Баерн Минхен и ова лето го очекува нов трансфер.
Милан подолго време се заинтересирани за неговиот потпис, посебно ова лето како замена за Франк Кеси, чиј договор завршува на крајот на сезоната, но сега имаат ривали во Јувентус.
Масимилијано Алегри наводно веќе дал зелено светло на раководството на клубот да се обиде да го реализира трансферот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski