
Италијанскиот калчолигаш Јувентус гледа кон Германија и сака да ја доведе ѕвездата на Баерн Минхен, Томас Милер. Тој оваа сезона не е стандарден првотимец во тимот на баварскиот клуб.
„Спорт Билд“ објави дека раководството на торинскиот клуб будно ја следи ситуацијата околу продолжувањето на договорот на искусниот фудбалер. Доколку Милер не се договори со Баварците, Јуве ќе се обиде да го доведе како слободен играч.
Претходно беше објавено дека за 34-годишниот германски фудбалер е заинтересиран и славниот Милан.
Томас Милер е легенда на Баерн. Целата кариера ја мина во клубот од Минхен, за првиот тим дебитираше уште во 2008 година, но нема индиции дека ќе потпише нов договор. Неговата сегашна соработка истекува следното лето.
Оваа сезона Томас Милер одигра вкупно 15 натпревари и постигна два гола. Десет пати играше во Бундеслигата, но само четири како стартер, постигна еден гол и забележа четири асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
