Connect with us

Јувентус посилен за Дибала и за Кјелини на реваншот против Вилјареал во ЛШ

Италијанскиот калчолигаш Јувентус доби две големи„засилувања“ за реваншот против Вилјареал во Лигата на шампионите. Тренерот Масимилијано Алегри ќе може да смета на двајца стартери кои отсуствуваа во изминатиот период.


На денешниот тренинг на „старата дама“ се појавија дефанзивецот Џорџо Кјелини и напаѓачот Пауло Дибала. Тие двајца ќе бидат во конкуренција за натпреварот со „жолтата подморница“.

Кјелини и Дибала не беа дел од првиот натпревар против Вилјареал во Шпанија кој заврши без победник, 1-1.
Јувентус ќе го пречека Вилјареал в среда во Торино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови