
Јувентус отвори преговори со Манчестер Јунајтед за трансфер на Мејсон Гринвуд, пишува весникот „Газета дело спорт“. Фудбалерот на „црвените ѓаволи“ веќе им кажал на семејството и колегите дека сака да игра за клубот од Торино, а директорот на „бјанконерите“ Кристијано Џунтоли преку посредници започнал првични предговори со 20-кратниот шампион на Англија.
Новиот тренер на италијанскиот гигант Тијаго Мота, чие назначување треба и официјално да биде потврдено следната недела, веќе го одобри потенцијалниот трансфер.
Единствен проблем во реализацијата на зделката може да биде бараната сума од повеќе од 35 милиони евра за 22-годишниот Гринвуд.
Договорот на играчот со Манчестер Јунајтед има важност за уште една сезона. Договорот меѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед би можел да ги вклучи Федерико Киеза или Сем Ајлинг, кои се во сопственост на гигантот од Торино.
Мејсон Гринвуд ја помина сезоната на позајмица во Хетафе, одигра 33 натпревари во Ла Лига, постигна осум гола и забележа шест асистенции.
🚨 Mason Greenwood has given the green-light on a move to Juventus. ✅
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 7, 2024
(Source: @Gazzetta_it) pic.twitter.com/aby7ONmBwi

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
