Сè уште актуелниот италијански фудбалски шампион Јувентус доживува финансиски проблеми поради ефектите од пандемијата на коронавирус. Торинскиот клуб ги замоли играчите да се согласат на четиримесечно одложување на исплатата на платата. Се работи за платите за месеците: март, април, мај и јуни, објави „Газета дело спорт“.
Одговорот на играчите не е познат, но се шпекулира дека дел од нив нема да се согласат на ваквото барање од управата.
Минатата година, фудбалерите на Јувентус се согласија на одложена исплата, што му заштеди на клубот 90 милиони евра во соодветната финансиска година.
Јувентус на две кола до крајот во Серија А се наоѓа на петтото место со голема опасност да не влезе во Лигата на шампионите, нешто што дополнително би ја отежнало лошата финансиска состојба на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













