Италијанскиот калчолигаш Јувентус сака да ја купи младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати, пишуваат медиумите на Апенините. „Старата дама“ е подготвена да плати 100 милиони евра отштета во летниот преоден рок и да го доведе Ансу Фати кој треба да биде наследникот на Кристијано Роналдо во нападот на Јуве.
Напаѓачот оваа сезона се мачи со повреди, а има договор со Барселона до 2022 година со опција за продолжување на уште две сезони.
Каталонскиот клуб е во голема финансиска криза, а Јувентус сака тоа да го искористи и да достави понуда за ангажман на Ансу Фати. Дел од парите италијанскиот клуб ќе ги обезбеди со продажба на Пауло Дибала.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













