
Италијанскиот калчолигаш Јувентус му понуди интересна размена на Реал Мадрид. Знаејќи дека на „кралевите“ им е потребен напаѓач, тие се подготвени да го дадат Моисе Кин, доколку во Торино биде испратен Дани Себалјос.
Шпанскиот играч за врска штотуку го обнови договорот со Реал до 30 јуни 2027 година, а иако знае дека не е стартер, има важна улога и често добива шанса да игра од Карло Анчелоти.
Италијанецот неодамна го пофали Себалјос, велејќи дека му верува, дека мора да продолжи да работи напорно, па јасно е дека од Мадрид немаат намера да го пуштат.
И покрај тоа, Јувентус се надеваше дека може да се случи трансфер, па дури и понуди размена на Реал. „Старата дама“ сакаше да го доведе Себалјос, а во Реал да го испрати својот напаѓач Моисе Кин.
Сепак, Реал не го прифати тој предлог и е задоволен од моментните напаѓачки опции, знаејќи дека на лето ќе доведе еден од двајцата најдобри напаѓачи во светот, Килијан Мбапе или Ерлинг Халанд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Мевљан Мурати
