Connect with us

Јувентус му нуди на Модриќ да се пресели во Серија А

Италијанскиот калчолигаш Јувентус би сакал да го доведе Лука Модриќ како слободен агент во летниот преоден рок. По одличните игри што хрватскиот интернационаец ги прикажува во дресот на Реал Мадрид дојдоа и понуди. Јуве сака да го пресели во Серија А, додека втората понуда е финансиски побогата и доаѓа од Катар.


Двата клуба му нудат на Модриќ двегодишен договор, но капитенот на хрватската репрезентација сепак ја чека понудата од Реал Мадрид. Тој би прифатил продолжување на договорот за уште една година со „кралевите“, но само доколку не биде намалена неговата сегашна плата.

Модриќ во Реал Мадрид пристигна во 2012 година од Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови