
Јувентус е уште еден клуб кој е заинтересиран за напаѓачот на Хофенхајм, Максимилијан Бајер. Тимот од Торино бара различни опции за засилување на составот за новата сезона, а меѓу потенцијалните нови играчи е и новопечениот германски репрезентативец, открива „Билд“.
21-годишниот фудбалер имаше одлична сезона во која постигна 16 гола и забележа три асистенции во 33 натпревари во Бундес-лигата, што му обезбеди и место во германската репрезентација за ЕВРО 2024. Поради ова, интересот за него постојано расте, а сега и „бјанконерите“ се дел од трката за неговиот потпис.
Бајер може да игра како напаѓач, но и на двете крилни позиции. Тој имаше клаузула за откупување во вредност од 32,5 милиони евра, која веќе не е активна, и се очекува Хофенхајм да побара уште поголема сума од потенцијалните купувачи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)
