
Италијанскиот гигант Јувентус е во преговори со Челси за ангажирање на напаѓачот Ромелу Лукаку, откри „Скај Спортс“.
Според изворот, Ал-Хилал исто така сѐ уште се заинтересирани за 30-годишниот белгиски репрезентативец.
Интер е другиот италијански клуб кој јасно стави до знаење дека сака Лукаку да се врати на „Џузепе Меаца“, но клубот засега не доставил задоволителна понуда.
Претходно беше објавено дека „нероаѕурите“ на лондонскиот клуб му понудиле 30 милиони евра за Белгиецот. Самиот фудбалер не ја крие желбата да остане во Интер.
Во сезоната 2022/2023, Лукаку играше како позајмен во Интер. Тој одигра 37 натпревари, постигна 14 голови и забележа 7 асистенции
Куриозитет е да се напомене дека токму Челси е најзаинтересиран за напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ и можно е двата клуба да ги разменат своите играчи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
