
Јувентус е блиску до потпис на Фелипе Андерсон од Лацио. Играчот од средниот ред ќе ги напушти римјаните како слободен играч на крајот од сезоната. Тој не се договори со „орлите“ за нов договор, бидејќи беше незадоволен од понудата на Клаудио Лотито.
Формата на Андерсон оваа сезона не е сјајна и тој има само три гола и три асистенции во 31 натпревар во Серија А.
Јувентус бара промени за новата сезона, а директорот Кристијано Џунтоли очекува добра можност да го засили тимот.
Според информациите во Италија, „бјанконерите“ веќе имаат вербален договор со агентите на Фелипе Андерсон. Се очекува 30-годишниот фудбалер да потпише четиригодишен договор според кој ќе добива 4 милиони евра по сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
