Connect with us

Јувентус ќе добие и тригодишна суспензија од УЕФА?

Јувентус доби огромна казна поради финансиските малверзации во клубот. Одземени му се 15 бодови, па „бјанконерите“ моментално се на позицијата број десет на табелата во Серија А.
Суспензии добија и челниците на Јувентус од тогашното раководство предводени од Андреа Ањели. Но, и тоа не сѐ.


Некои медиуми веќе почнаа да шпекулираат дека Јувентус ќе биде казнет и од УЕФА. Се шпекулира дека европската куќа на фудбалот ќе го казни Јувентус со тригодишна суспензија од сите европски натпреварувања.

Тоа значи дека Јувентус без разлика какви резултати ќе постигне на теренот во следните три години, нема да може да игра во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА.

Но, ќе треба да се почека и официјалната одлука на УЕФА. Да потсетиме, првиот човек на УЕФА, Александер, Чеферин одамна има „пик“ на Ањели и Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови