Connect with us

Јувентус ја зголеми понудата за Мемфис Депај

Вистинска трансфер сага се случува околу Мемфис Депај. Репрезентативецот на Холандија е на прагот на разделба со Барселона, а неговите агенти преговараат со раководството на Каталонците за спогодбен раскин на договорот.


Најголеми шанси да го доведе Депај има Јувентус. Сепак, „бјанконерите“ се плашат да не бидат изненадени од Челси, па затоа ја подигнаа понудата до 28-годишниот фудбалер.

Челниците на Јувентус имале нова серија разговори со Мемфис Депај, по што договорот е се поблиску. Се очекува до крајот на неделата зделката да биде официјализирана и Холанѓанецот да потпише двегодишен договор со Јуве.

Тотенхем и Галатасарај веќе не се опции за поранешниот ас на Лион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови