
Јувентус ja избра замената за Пол Погба. Како што е познато, Французинот беше позитивен на допинг-тест и во моментот е суспендиран, а голема е веројатноста да добие строга казна доколку и неговиот втор тест биде позитивен. Токму поради тоа „старата дама“ веќе бара фудбалер кој ќе го заземе неговото место во тимот. Раковоството на Јувентус е насочено кон играчот од средниот ред на Тотенхем, Пјер-Емил Хојберг, пишува „Кориере дело спорт“.
Новиот спортски директор на „старата дама“ Кристијано Џунтоли во наредните денови ќе има средба со агентот на играчот. Ќе се разговара за можноста за евентуален трансфер на Данецот во Јувентус во јануари.
Тотенхем сака да преговара за продажба на Хојберг, кој го загуби стартното место во тимот под водство на новиот менаџер Анге Постекоглу и игра поретко. Од почетокот на сезоната, тој нема ниту еден старт во Премиер – лигата, туку главно влегува како замена.
Лондончани му ставија цена на Хојберг од 30 милиони евра. Сепак, Џунтоли смета дека е превисоко и ќе се обиде да ја намали. Другата опција е Јувентус да се обиде да го земе играчот на позајмица до лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski