Јувентус е подготвен да се раздели со крилните напаѓачи Федерико Киеза и Матиас Соуле доколку е потребно, за да ги финансира претстојните трансфери за следната сезона, тврди „Газета дело спорт“.
Договорот на Киеза е до летото 2025 година, а преговорите за негово продолжување се во мирување. Доколку не се постигне договор меѓу двете страни, Јувентус може да се согласи да го продаде за околу 40 милиони евра. Клубот исто така се надева на силен настап на 26-годишниот играч на ЕВРО 2024 што би ја зголемило неговата цена.
Што се однесува до Соуле, „старата дама“ ќе бара околу 35 милиони евра за 20-годишниот талент, кој импресионираше со своите настапи како позајмен во Фросиноне. За него интерес покажуваат неколку англиски клубови, меѓу кои и Кристал Палас и Саутемптон.
Тун Копмајнерс од Аталанта останува најголема желба на торинскиот гигант за ново засилување, а останатите приоритети се Луис Фергусон (Болоња), Алберт Гудмундсон (Џенова) и Фелипе Андерсон (Лацио).
Јувентус ги следи и Георги Судаков (Шахтјор Доњецк), Лазар Самарџиќ (Удинезе) и Едерсон (Аталанта).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal