
Италијанскиот калчолигаш Јувентус објави официјално соопштение со кое уште еднаш потврди дека го напушта проектот за Европска Суперлига. Клубот веќе ја започна соодветната правна процедура, но конечното излегување на Јувентус ќе стане факт по одобрението од Барселона и Реал Мадрид, единствените клубови кои не ја промениле првобитната позиција и стојат зад проектот.
Уште на 6 јуни Јувентус ја објави својата намера да ја напушти Суперлигата. Ова е уште еден потег со кој „старата дама“ се обидува да ги подобри односите со УЕФА. Првиот чекор беше направен со оставката на Андреа Ањели од претседателската функција. Покрај тоа, Јуве ќе се откаже од учество во Конференциската лига, а за возврат нема да добие санкции за следната сезона.
„Бјанконерите“ беа казнети во Италија за случајот со фалсификување на финансиски документи. Клубот од Торино избра да не учествува во третиот по ранг европски клупски турнир, за да не ризикува да ја пропушти следната сезона во Лигата на шампионите.
Проектот за Суперлига беше најавен во 2021 година и вклучуваше 12 клубови, но речиси сите си заминаа 72 часа подоцна по силната реакција на УЕФА и ФИФА, како и бројни играчи, тренери и навивачи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
