Јувентус официјално објави дека го продолжил договорот на бразилскиот дефанзивец Глејсон Бремер до 2029 година.
27-годишниот фудбалер ќе има и повисока отштетна клаузула од летото 2025 година, при што досегашната му беше 60 милиони евра.
Неколку клубови, вклучувајќи го и Манчестер Јунајтед од Англија, покажаа интерес за Бремер ова лето, но трансферот не се оствари. Дефанзивецот е задоволен во Јувентус и не бараше трансфер во друг клуб.
Бремер е стартер за Јувентус, и минатата сезона одигра 40 натпревари во кои постигна три гола за „бјанконерите“.
✍️ 𝗕𝗥𝗘𝗠𝗘𝗥 2️⃣0️⃣2️⃣9️⃣ @bremeroficial rinnova in ⚪⚫!
— JuventusFC (@juventusfc) August 5, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













