Connect with us

Јувентус го сака Миленковиќ, но треба да се ослободи од Демирал

Младиот српски дефанзивец Никола Миленковиќ ова лето треба да ги напушти редовите на Фиорентина. Договорот со клубот од Фиренца му истекува во 2022 година и ова е последната можност за заработка, а постои интерес од Јуветус.


Сепак, торинскиот клуб реба прво да се ослободи од Мерих Демирал. Тој има потешкотии со повредите, неговата форма не е на завидно ниво и Јувентус сака да раздели со него.


Миленковиќ би пристигнал како влог за иднината. Леонардо Бонучи сè уште е неприкосновен во стоперската линија, формата на Де Лихт е променлива, а Јувентус би сакал да го има и Никола Миленковиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови