Раководството на Јувентус ја следи ситуацијата околу фудбалерот на Лацио, Фелипе Андерсон, кој сѐ уште нема потпишано нов договор со клубот од Рим.
Договорот на 30-годишниот Бразилец со Лацио истекува на лето, кога како слободен играч може да потпише со друг тим.
Спортскиот директор на гигантот од Торино, Кристијано Џунтоли, ќе се обиде да ја искористи ситуацијата доколку играчот не постигне нов договор со Лацио и крилниот напаѓач реши да направи нов чекор во кариерата, пишува италијанското издание „Ил Месаџеро“.
Јувентус бара и нов играч од средниот ред кој ќе го доведе во текот на јануарскиот преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













