Connect with us

Јувентус го продава Филип Костиќ

Јувентус е подготвен да се раздели со Филип Костиќ за да ја наполни својата каса. Гигантот од Торино се соочува со сериозни финансиски потешкотии поради казните кои му се изречени на клубот и тоа им ги врза рацете на пазарот, а клубот досега потпиша само со Тимоти Веа.

Доколку сакаат дополнително да го засилат составот, на „бјанконерите“ итно им требаат свежи финансиски приходи, па затоа Србинот е ставен на трансфер-листа. Јувентус досега беше поактивен во продажба, се раздели со Артур, а наскоро се очекуваат и заминувањата на Денис Закарија, Николо Ровела и Лука Пелегрини. Сепак, тоа нема да биде доволно, бидејќи клубот е подготвен да се раздели со уште играчи, а еден од нив е и Костиќ.

30-годишниот Србин беше доведен пред една година од Ајнтрахт Франкфурт за 13 милиони евра. Јувентус сега е подготвен да го продаде Костиќ доколку добие понуда од 12 до 15 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови