Италијанскиот калчолигаш Јувентус инсистира да го добие потписот на репрезентативецот Мануел Локатели. Иако понудата што „старата дама“ ја достави до Сасуоло е одбиена, сепак, раководството на Јуве подготви нова понуда и се надева дека сепак ќе успее да го реализира трансферот на одличниот играч за врска.
Сасуоло бара 40 милиони евра за да му дозволи на Локатели да си замине, а претходно Јувентус понуди 30 милиони евра. Сега веројатно и „старата дама“ понуди поголема сума, па се очекува преговорите да влезат во завршна фаза.
За Локатели постои интерес и од англискиот премиерлигаш Арсенал, но желбата на фудбалерот сепак е да остане во Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













