Неколку часа пред четвртфиналниот натпревар од Купот на Италија меѓу Јувентус и Фросиноне, тренерот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри призна дека е загрижен. Тренерот ќе има посебен ден бидејќи тоа ќе биде негов 400. натпревар како тренер на Јуве.
Сепак, тој нема да може да ги користи клучните играчи како Федерико Киеза и Адриен Рабио. Двајцата се надвор од составот за вечерашниот натпревар.
„Коленото на Федерико е подобро, но тој не е повикан, ниту Рабио. Ако сѐ биде добро, и двајцата ќе бидат во тимот за мечот со Сасуоло. Камбијасо се врати, Де Шилјо сè уште работи индивидуално, а Кин е надвор од теренот, сите други се достапни “, изјави Алегри.
Напаѓачкиот тандем се очекува да го сочинуваат Аркадиуш Милик и Кенан Јилдиз, иако Душан Влаховиќ се опорави од грипот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













