Фудбалерите на Јувентус, Адриен Рабио и Вестон Меккени ќе го пропуштат неделниот натпревар со Наполи поради повреди, објавија италијанските медиуми.
Рабио и Меккени се здобија со повреди во победата на Јувентус против Фросиноне од 3-2 во неделата.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри мораше да го замени францускиот играч од средниот ред веќе во првото полувреме, додека Меккени излезе од игра кон крајот на натпреварот.
После лекарските прегледи на Рабио му беше дијагностицирано истегнување на лигаментите на скочниот зглоб, а на американскиот играч од средниот ред истегнување на рамото.
Јувентус е второпласиран на табелата зад Интер, кој има девет бода повеќе, но и еден натпревар помалку.
Во недела Јувентус игра со Наполи во Неапол во натпревар од 27.коло на Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













