Connect with us

Јувентус без Ди Марија на гости кај ПСЖ

Аргентинскиот интернационалец Анхел ди Марија нема да биде во тимот на Јувентус за утрешното гостување против ПСЖ, неговиот поранешен тим, на стартот на новото издание во Лигата на шампионите. Тој нема да се врати да заигра на „Паркот на принцовите“, но овојпат во дресот на „старата дама“.


Ди Марија повторно се пожалил на болка во повредениот мускул што го мачи подолго време. Тој утрово се обидел да тренира, но лекарскиот тим на Јувентус проценил дека со него не треба да се ризикува.


Тренерот на Јуветус, Масимилијано Алегри, не може да смета и на првиот голман Војчех Шесни и на Пол Погба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови