Јувентус напредува на табелата во Серија А, стигна до петтото место и ја гледа зоната на Лигата на шампионите, но на денешниот дерби натпревар против Рома во Серија А ќе биде без тренерот Масимилијано Алегри. Тој е казнет со суспензија на еден меч поради инцидент во претходното коло против Наполи, во Торино.
Тогаш Алегри силно го изрази своето несогласување со одлуката на судијата Симоне Соза да не дозволи фудбалерите на „старата дама“ да изведат корнер по истекот на судиското продолжение. Како што се тврди во писмениот документ, во таа прилика тој го навредил четвртиот судија, поради што нема да може да го води тимот на „Олимпико“.
Рома во моментот се наоѓа на седмото место и има три бода помалку од Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













