Јувентус беше немоќен во поразот од 2-1 од Саусоло на домашен терен на стадионот “Алијанц” . Составот на Масимилијано Алегри веќе втор пат по ред останува без победа, откако претходно, ремизираше и во големото “дерби на Италија” против Интер (1-1).
Давиде Фратези го доведе Сауоло во изненадувачко водство по одличната тимска акција на само една минута пред паузата за полувреме. Сепак, “неровердите” не го издржаа големиот притисок на “бјанконерите” по почетокот на вторите 45 минути. Во 76. минута, Вестон Мекени го изедначи резултатот со одличен погодок со глава по слободниот удар на Пауло Дибала.
Но, за нов неуспех на Јуве се погрижи Максим Лопез во последната 95. минута. Тој од контра-напад, го казни невниманието на домашните фудбалери, бидејќи мнозинството беа на половината на противникот во очајнички обиди да направат целосен пресврт.
Инаку ова беше 200-ти натпревар на Алегри на кормилото на Јувентус. Повеќе пати од него, на клупата на торинскиот клуб, седнале само легендарните Марчело Липи и Џовани Трапатони. Но, уште еден член на “црно-белите” славеше свој јубилеј. Леонардо Бонучи го одигра својот 400-ти натпревар во италијанската Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













