
Јувентус ја зголеми понудата кон Аталанта за Тун Копмајнерс. „Старата дама“ сега нуди 52 милиони евра, плус уште 7 милиони во форма на бонуси, соопштува “Кориере дело Спорт”. Така, вкупната сума на трансферот изнесува 59 милиони евра, а клубот од Бергамо имаше поставено цена од 60 милиони евра за Холанѓанецот.
Според информациите од Апенините, Аталанта речиси сигурно ќе ја прифати оваа понуда на Јувентус и договорот ќе биде финализиран во наредните денови. Како што е познато, играчот веќе ги договорил личните услови со Јувентус и чека двата клуба да постигнат договор.
Овој трансфер нема значително да го оптовари буџетот на Јувентус за оваа година, бидејќи тие сакаат да го договорат исплаќањето на сумата во неколку рати до 2028 година. Само 15 милиони евра ќе бидат префрлени на Аталанта веднаш, додека останатите 37 милиони ќе бидат распределени во неколку рати во следните години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
