Спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли и шефот на скаут службата на новиот шампион на Италија, Маурицио Микели, од следната сезона ќе бидат во Јувентус.
„Старата дама“, според медиумите во Италија, успеа да ги земе клучните луѓе задолжени за спортската политика на „наполитанците“, кои имаат огромни заслуги за шампионската титула.
Наполи загуби неколку клучни играчи како Лоренцо Инсиње и Калиду Кулибали во текот на летото, но, сепак, многу брзо и успешно беше изграден уште поконкурентен тим. Најголема заслуга за тоа имаат Џунтоли и Микели, кои ги направија одличните трансфери на Квича Кварацкелија и на Ким Мин-Јае, а претходно доведоа играчи како Виктор Осимен, Франк Замба-Ангиса, Елиф Елмас…
Џунтоли, според италијанските медиуми, и покрај добрата работа немал добри односи со сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, што секако придонело за разделбата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













