
Италијанскиот првак Јувентус направи долгорочна стратегија и има план во Торино да го доведе Жоао Феликс, младата ѕвезда на Атлетико Мадрид. Во тоа треба да помогне и неговиот идол Кристијано Роналдо кој има договор со „старата дама“ до 2022 година. Откако тој ќе замине, Жоао Феликс треба да биде негов наследник во дресот на Јуве.
Атлетико Мадрид во јуни 2019 година плати 120 милиони евра за ангажман на Жоао Феликс. Младиот фудбалер во моментот има одредени несогласувања со Диего Симеоне, па медиумите на Пиринеите најавуваат дека брзо ќе го напушти стадионот „Ванда Метрополитано“.
Оваа сезона Жоао Феликс на 17 натпревари постигна осум гола и забележа три асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор

Евро-фудбал
Удинезе го шокираше Интер во Милано (ВИДЕО)
