Connect with us

Јуве и Интер прават размена: Де Фрај во Торино, Квадрадо во Милано

Јувентус и Интер, како што пренесуваат италијанските медиуми, сакаат да разменат двајца играчи кои беа столбови на тимовите во последните неколку години.


Во една ваква размена, Стефан де Фрај би дошол во Јувентус, додека Хуан Куадрадо би се преселил на „Џузепе Меаца“.

Причината поради која двата клуба сакаат да го постигнат овој договор е тоа што и на Де Фрај и на Квадрадо им истекува договорот на крајот на сезоната, а клубовите ризикуваат нивните играчи да си заминат без обештетување.

На овој начин Алегри и Инзаги ќе добијат по еден нов играч на позициите каде што им е најпотребно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови