Шкупи го продолжи договорот со стандардниот свој првотимец Фатјон Јусуфи. Прволигашот од Чаир информира дека двете страни се договориле за нова едногодишна соработка.
„По меѓусебните разговори одлучивме да ја продолжиме соработката уште една година. Довербата која ја имаме меѓусебно донесе до нова соработка. Верувам дека ќе имаме успешни резултати и ќе ги оствариме целите планирани за новата сезона. За мене е задоволство што ќе работам под водство на тренерот Мухарем Бајрами“ – истакна Јусуфи по потпишувањето на новиот договор со Шкупи.
Јусуфи минатата сезона имаше 18 настапи за Шкупи постигнувајќи и три гола, дополнети и со три асистенции. Претходно во својата кариера настапуваше за Ренова, Партизан Тирана, како и ерменски Ширак.
Од Шкупи, пак, замина Бразилецот Сержињо на кого му заврши позајмицата од албанскиот прволигаш Скендербег од Корча.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













