
Рома доживеа дебакл, загуби со 5-1 на гости од Фиорентина, а реномираните италијански спортски медиуми наведуваат дека мечот во Фиренца најверојатно ја запечати судбината на хрватскиот тренер Иван Јуриќ. Иако Јуриќ, кој е високо ценет во Италија, ја презеде Рома во средината на септември, се чини дека неговиот мандат може да заврши по само месец и пол.
Веќе на почетокот на октомври, по само неколку натпревари под водство на Јуриќ, медиумите пишуваа за можен отказ, бидејќи сопствениците биле незадоволни од играта на тимот. Иако во првите четири натпревари имаше само еден пораз, резултатите значително се влошија. Во осум натпревари, Јуриќ постигна три победи, две нерешени и три порази, а последниот, катастрофален пораз од Фиорентина, ги засили шпекулациите за заминување.
„Газета дело Спорт“ наведува дека Јуриќ е во голем ризик од отпуштање по овој резултат. Според весникот, Рома под водство на Јуриќ е „здодевна, пасивна и во целосен хаос,“ при што алармот одамна е вклучен, а ситуацијата сега е критична.
Медиумите на Апенините пишуваат дека екипата изгубила верба во Јуриќ по последната „срамна претстава“.
Како потенцијални наследници се споменуваат Даниле Де Роси, кој беше заманет токму од Јуриќ, но и Роберто Манчини.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
