Connect with us

Јунајтед водеше, ама Севилја е „бесмртна“ во Лига Европа (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед имаше предност од два гола против Севилја на „Олд Трафорд“, но во финишот ја почувствува „бесмртноста“ на шпанскиот тим во Лига Европа. Клубот со најмногу трофеи во ова натпреварување, на крајот избори реми 2-2 и непоразен заминува за Андалузија, каде ќе ги чека „црвените ѓаволи“ на реваншот.

Марсел Сабицер ги постигна двата гола за Јунајтед во првиот дел, откако погоди во 14. и во 21.минута. Но, Севилја ја почувствува својата шанса во финишот. И тоа со два автогола на домашните фудбалери. Маласија во 84.минута згреши за 2-1, а во судиското продолжение и Мегваер постигна автогол за конечни 2-2.

Јувентус славеше со 1-0 против Спортинг Лисабон во Торино. Стрелец на победничкиот гол беше Федерико Гати во 73.минута.

Баер Леверкуен и Ројан Унион одиграа 1-1, а Феенорд славеше со 1-0 против Рома.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови