Манчестер Јунајтед го декласира Вест Хем со 3-0 на „Олд Трафорд“ и се искачи на шестото место на табелата со 38 бода. Расмус Хојлунд постигна гол на четвртиот последовен меч за водство од 1-0, а Алехандро Гарначо во вториот дел постигна два гола и го реши победникот.
Челси доживеа нов шок на „Стемфорд бриџ“ откако загуби од Вулверхемптон со 2-4.
Кол Палмер донесе предност за Челси во 19.минута, но три минути подоцна израмни Матеус Куња. Пред крајот на првиот дел, Дисаси постигна автогол и Волвс замина со предност.
Матеус Куња во 63.минута зголеми на 1-3, а потоа комплетираше и хет-трик во 82.минута.
Тијаго Силва на крајот постигна втор гол за Челси, но поразот не беше избегнат.
Борнмут и Нотингем Форест ремизираа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













