
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед нема намера лесно да се откаже од Џес Лингард. Иако тој беше испратен на позајмица, сепак, добрите игри во дресот на Вест Хем го принудија раководството на „црвените ѓаволи“ да му понуди нов договор.
Јунајтед на Лингард му нуди да остане на „Олд Трафорд“ до 2024 година. Актуелниот договор на играчот за врска има важност до следното лето, па „ѓаволите“ не сакаат следната година да го загубат како слободен агент.
Лингард, сепак, бара гаранции од Оле Гунар Солскјер дека повторно нема да биде заборавен на клупата за резерви или на трибините, пред да се одлучи да го потпише новиот договор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
