
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед на лето најверојатно ќе се раздели со Пол Погба. Неговиот иден статус на „Олд Трафорд“ се менува на неколку дена поради нестабилните изјави на агентот Мино Раиола. Еднаш вели дека неговата иднина е во Манчестер, а веќе следниот ден дека на лето ќе прави голем трансфер.
Менаџерот Оле Гунар Солскјер сепак ја пронајде замената за Пол Погба доколку тој замине по завршувањето на сезоната. Норвешкиот стратег посакува во тимот да го има Федерико Валверде, играчот за врска на Реал Мадрид.
Сепак, тоа нема да биде лесна мисија за раководството на Манчестер Јунајтед. Валверде има договор со „кралскиот клуб“ до 2025 година, а откупната клаузула изнесува огромни 160 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
