Австрискиот интернационалец Давид Алаба и дефинитивно го напушта Баерн Минхен на крајот од сезоната, а во трката за негов ангажман влегуваат Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. Англиските премиерлигаши оствариле контакт со агентот Пини Захави и најавиле дека се заинтересирани за сериозни преговори со Алаба, кој ќе биде слободен агент по завршувањето на сезоната.
Баерн Минхен не можеше позитивно да одговори на барањето на фудбалерот за годишна плата од 20 милиони евра, а досега најзаинтересиран клуб за него беше Реал Мадрид. И фудбалерот најавил дека сака кариерата да ја продолжи на „Сантијаго Бернабеу“.
Но, Јунајтед и Сити исто така покажуваат силни амбиции да стигнат до потписот на Давид Алаба. Тој може да игра на повеќе позиции во одбраната и во средниот ред, одличен изведувач е на слободни удари и секако би претставувал фантастично засилување и за Пеп Гвардиола и за Оле Гунар Солскјер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













