Англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед и Челси се заинтересирани да го доведат на Островот одличниот играч за врска на Милан, Хакан Чалханоглу.
Турскиот интернационалец игра во фантастична форма оваа сезона, изнесе огромен товар на свои плеќи во составот на Стефано Пиоли, а на крајот од сезоната ќе биде слободен агент. Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“ и му нуди нов договор, но Чалханоглу се уште размислува каква да биде неговата иднина, дали да остане во дресот на „росонерите“ или можеби да го прифати предизвикот за преселба во Премиер – лигата.
Англиските клубови му нудат многу поголеми финансиски приходи и тоа на крајот може да биде и пресудно. Покрај Манчестер Јунајтед и Челси за неговите услуги е заинтересиран и Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













