Манчестер Јунајтед претрпе голем удар врз своите амбиции за напредок на табелата во Премиер – лигата и за продолжување на битката во Лига Европа. Еден од клучните фудбалери на „црвените ѓаволи“, Амад Диjало, се здоби со тешка повреда, поради која најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Сè уште не е позната природата на повредата на Диjало, која ја заработи во пресрет на натпреварот со Тотенхем.
22-годишното крило е најконстантниот фудбалер во составот на Рубен Аморим оваа сезона, со девет голови и седум асистенции.
„Извонредно сум разочаран што морам да го напишам ова соопштение во толку важен момент од сезоната. За жал, ќе бидам отсутен некое време поради повреда. Ќе се вратам посилен од кога било! Време е да ги поддржам момците однадвор. Сè уште има многу за што да се бориме!“, истакна Амад Дијало.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













