Connect with us

Јунајтед го понудил Роналдо на Јувентус, но добил „не“ од Торино

Манчестер Јунајтед му ги понудил услугите на португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо на италијанскиот калчолигаш Јувентус, каде Португалецот играше во периодот од 2018 до 2021 година.
Сепак, од Торино дошол негативен одговор, бидејќи веќе добиле слична понуда и од агентот на играчот, Жорге Мендеш.


Манчестер Јунајтед сакаше да го вклучи Роналдо во договорот за доведување на играчот од средниот ред Адриен Рабио на „Олд Трафорд“. Самиот Роналдо сака да го напушти Манчестер Јунајтед и да замине во клуб кој учествува во Лигата на шампионите.

На почетокот на неделата стана јасно дека ниту Реал Мадрид не сака да го врати во својот тим.
„Роналдо повторно? Тој има 38 години“, коментираше претседателот Флорентино Перез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови