Mакедонскиот тренер Југослав Тренчовски го предводеше својот тим Радомље до сензационална победа (3-2) против актуелниот словенечки шампион Олимпија Љубљана.
Фаворитот поведе со головите на Дурдов и на Пинто со 0-2, но советите на Тренчовски на полувремето дадоа резултат за Радомље во вториот дел.
Во 52. минута Јојиќ намали на 2-1 и ја врати надежта за Радомље, а во драматичната завршница Мартинчиќ и Гњатиќ донесоа целосен пресврт за конечни 3-2 и голем триумф.
Со оваа победа Радомље испрати јасна порака дека ќе биде сериозен конкурент сезонава, а Тренчовски уште еднаш докажа дека е врвен стратег кој знае да извлече максимум од своите играчи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













