Големо славје во Ријека. По тензичен и полн со емоции реванш-меч од финалeто, тимот на Јован Манев предводен од Радомир Ѓаловиќ, успеа да го освои Купот на Хрватска и со тоа да ја комплетира историската „двојна круна“. Во вториот натпревар на домашен терен, Ријека го победи Славен Белупо со минимални 1-0, но доволни за големо славје.
Првото полувреме не понуди многу фудбал – груби стартови, нервоза и малку креативност. Но, вториот дел носи сосема поинаква слика. Во 60. минута, Наис Џуахра блесна – убава акција, уште поубав завршен удар и ерупција на трибините.
Токму кога се чинеше дека сè оди според планот за Ријека, на сцена стапи драмата. Последните минути беа како сцена од филм – судири меѓу играчи, фрлено шише од трибините што го погоди Иван Чубелиќ, статива од Љубан Крепуља во 93-та минута… Славен Белупо напаѓаше со сè што имаше, но немаше доволно за пресврт.
За Македонија, двајца свои на двете страни – Илија Несторовски го одигра целиот меч за Славен, додека Јован Манев остана на клупата, но со шампионски медал околу вратот.
Ријека го слави својот голем успех – титула, Куп, и сезона за паметење!
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













